Трансформирана во компанија со напредна технологија, Фабрика Карпош го прослави својот 65 - ти јубилеј. Фабриката којашто започна со производство на цевки и рабници, денес израсна во водечка компанија за производство на монтажни елементи и за изградба на објекти во градежната индустрија во Македонија. Да се биде сведок на историја и да се биде дел на денешницата кога нашите проекти се бројни низ целата држава зборува дека сме поставиле високи цели и дека сме ги достигнале. Фабрика Карпош и понатаму работи на проширување на своето портфолио со секојдневно вложување во иновативност, професионалност, стратешки партнерства и унапредување на квалитетот. Со овие вредности во нашата работа иднината е извесна и успешна, изјави Кире Стефанов, Претседател на Надзорен Одбор.
Трансформирана во компанија со напредна технологија, Фабрика Карпош го прослави својот 65 - ти јубилеј.
Фабриката којашто започна со производство на цевки и рабници, денес израсна во водечка компанија за производство на монтажни елементи и за изградба на објекти во градежната индустрија во Македонија.
„Да се биде сведок на историја и да се биде дел на денешницата кога нашите проекти се бројни низ целата држава зборува дека сме поставиле високи цели и дека сме ги достигнале. Фабрика Карпош и понатаму работи на проширување на своето портфолио со секојдневно вложување во иновативност, професионалност, стратешки партнерства и унапредување на квалитетот. Со овие вредности во нашата работа иднината е извесна и успешна", изјави Кире Стефанов, Претседател на Надзорен Одбор.
Денес фабрика Карпош со својот модернизиран возен парк дополнет со градежни машини, употреба на нова технологија, нов погон за производство на прагови за современи железници соодветно на европските стандарди, бројни проекти во нискоградба, проектирање и изведба на високоградба, стана една од најперспективните градежни субјекти на македонскиот пазар.
Во функција на поголем квалитет во доставувањето на производот, фабрика Карпош создаде лабораторија за испитување на сите производи според ИСО стандардите, сопствен транспорт на своите производи, и комплетна логистичка поддршка за изведба на сите типови на објекти.
Новата историја на Фабрика Карпош бележи успеси и извозно ориентирани проекти на пазарите во соседните земји Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Во последните години фабрика Карпош има изградено значителен број на далноводи, пешачки патеки, изведена канализација,изградба на улици и патишта, високи згради и деловни објекти.
Вработува повеќе од 200 вработени и со дополнителното модернизирање на опремата, Фабрика Карпош за следната година најавува да стане поконкурентна, не само во Македонија туку и на пазарите пошироко.